Изложба на слики, графити, скулптури „Ликовен Карван 2013“ – утре во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, утре, четврток со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики, графити, скулптури „Ликовен Карван 2013“, тема за 2013 – Убавините за Љубовта.

На изложбата ќе бидат презентирани дела од 30 автори од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Германија и Америка. Изложбата претходно беше во Струга, а после Охрид ќе оди во Кавадарци, Велес, Куманово, Скопје и Белград.