Македонија 1:2 Шкотска

Македонија изгуби 1:2 од Шкотска на арената „Филип Втори“ во Скопје, во рамките на квалификационите натпревари за Светското првенство во Бразил 2014.

Првото полувреме помина без некои посериозни шанси на обете страни, иако Шкотска беше репрезентацијата која делуваше поуиграно и креираше повеќе шанси. Но, сепак на полувреме беше без голови.

Стартот на второто полувреме не се разликуваше многу од првото полувреме, но желбата за гол, особено кај гостите, наметна подинамично темпо при што Шкотска прва дојде во водство со голот на Анја во 60 минута. По примениот гол македонската репрезентација се „разбуди“, создаваше шанси, а Јован Костовски за само една минута откако влезе во игра искористи едно додавање на Пандев и го изедначи резултатот на 1:1 во 84 минута. Помалку наивно, нашите фудбалери направија фаул на 20-тина метри од нашиот гол, а по одлично изведениот слободен удар во 89 минута, Мелоуни постигна гол и и донесе победа на Шкотска. 

WebOhrid