„Паркот на пријателството“ лоциран покрај пешачката патека канал „Билјанини Извори“ – Горица 1, деновиве се реконструира од страна на екипите на „Паркови и зеленило“. Во паркот се поставува систем за наводнување со што трајно ќе се реши понатамошното одржување на ова парковско решение. Заради изведување на градежните работи привремено ќе бидат отстранети мермерните плочи кои го симболизираат збратимувањето и пријателството на Охрид со многу други градови од светот.
Со овој зафат ќе се стави во функција тековното одржување на „Паркот на пријателството“ до реализација на неговиот конечен изглед.