Средба на Бакрачески со туристичките водичи

Денес кандидатот за градоначалник д-р Никола Бакрачески оствари средба со лиценцираните туристички водичи кои функционираат на ниво на Општина Охрид.

„Имавме можност да зборуваме за проблемите со кои што тие се секојденвно се соочуваат во обавувањето на нивната дејност, можност да развиеме плодна дискусија за тоа како во иднина заеднички можеме да ги надминеме тие проблеми, како локалната самоуправа во иднина да даде поголема поддршка на нивните заложби за подобра и поуспшна и презентација на културно историските вредности на Охрид, меѓутоа и на нивна промоција во меѓународни рамки“. – истакна Бакрачески.

Во текот на дискусијата со локалните туристички водичи, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Бакрачески, им ја изложи програма која планира да ја направи во делот на развој и унапредување на туризмот во Охрид, што претставуваа нивен посебен интерес, а беа изнесени и проектите со кои што би се продолжила туристичката сезона.

„Во текот на дискусијата се запознав со проблемите што тие ги изнесоа денес, тоа се пред се проблемите со дивите туристички водичи, некои од нив не се лиценцирани да изведуваат таква дејност, се запознав со проблемите во дискординацијата во активностите помеѓу туристичките водичи, помеѓу туристичките агенции и туроператорите во Македонија и во градот Охрид, непостоење на координација на институциите и телата во локалната самоуправа, проблемите во делот на паркинг просторите во централното градско подрачје односно во делот на градското пристаниште, побараа од мене да се обезбеди простор каде што ќе може да се паркираат туристички автобуси“. – рече Бакрачески.

На средбата беше заклучено дека на туристичките водичи во Охрид им недостига една асоцијација односно здружение кое ќе има свој статут и свои органи и кое што ќе може успешно да ги претставува нив пред релевантните институции во Македонија, и здружение кое ќе ги штити нивните права и обврски.

„Со досегашните средби со сите градоначалници што сме ги имале, никојпат не сме имале плодна соработка и олку изнесени заклучоци. Овие проблеми не се само за нас туристичките водичи, туку за Охрид како град. Со можните решенија што ќе ни ги понуди локалната самоуправа на Д-р Бакрачески и советниците, ние се надеваме дека во корен ќе ги решиме еднаш засекогаш проблемите на туристичките водичи. Од почеток до крај да одиме кон пирамидалните проблеми и решавања кон врвот на проблемот што значи носење на многу повеќе туристи во Охрид во полза на сите нас“. – изјави Љупчо Јузмески, претставник на туристичките водичи лиценцирани во Охрид.

TuristickiVodici02 TuristickiVodici03 TuristickiVodici04WebOhrid