Откако жителите на урбаната заедница „Радојца Новичиќ“, пред градоначалникот Бакрачески и претставниците на Локалната самоуправа ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат, потребите и предлозите со кои би се подобрил квалитетот на живеење во оваа градска населба, од денеска екипи на Секторот за комунален развој и Ј.П. „Охридски Комуналец“ пристапија кон средување на теренот.
Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ започнаа со генерално чистење и хортикултурно уредување (косење и метење).
Екипите на одделението за сообраќај и улици при општина Охрид интервенираа и ги заменија прегорените светилки. Истовремено интервенирано е и на инсталациите на столбовите за улично осветлување.
На улицата „Петрино“ во оваа населба веднаш после поставувањето на новата водоводна и канализациона мрежа, привршуваат и активностите за нејзино асфалтирање која е дел од Програмата за асфалтирање на градските улици во општина Охрид.
Средбите со жителите на општина Охрид ќе продолжат континуирано. Идниот период ќе бидат посетени сите урбани и месни заедници кои егзистираат на територијата на општината и соодветно за секоја ќе биде изработена програма за подобрување на комуналните состојбите во нив, која етапно ќе се реализира од буџетот на општината и од други извори.