Одржана 13-та седница на Советот на Општина Охрид

Денес градските Советници ја одржаа 13 седница на градскиот Совет. Со 22 гласови „За“, беше усвоен дневниот ред, откако по барање на секретарот на Општината, беа повлечени точките 17, 18, 22 и 33, а се однесуваа на донесување на: Предлог Одлуките (17, 18, 33) за утврдување потреба од донесување урбанистички плански документации за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на КО Охрид 2, КО Трпејца и КО Велгошти; Предлог одлуката (22) за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидено со важечкиот ДУП, обработливо земјиште КО Велгошти.

На седницата не беше усвоено  барањето на советниците од „Сојузот за иднината“ да бидат ставени на дневен ред  двете точките од областа на урбанизмот кои беа повлечени на минатата седница. Истите ќе се разгледуваат на една од наредните заседавања на Советот.

Sovet13Sednica01