Пожар на руската нуклеарна подморница „Томск“

На руската нуклеарна подморница „Томск“ избил пожар, при нејзината поправка во бродоградилиштето „Звезда“, на околу 25 километри одалеченост од Владивосток.

Подморницата „Томск“ има нуклеарен реактор кој бил исклучен пред започнувањето на поправката, посадата била евакуирана, а во подморницата немало никакво оружје.

Според официјалните лица, ситуацијата била ставена целосно под контрола, пожарот бил локализиран, а нема опасност од радиоактивно загадување. На местото на инцидентот стигнале и два противпожарни бродови, како и брод кој ќе изврши мерење на нивото на радијацијата.