Прв документиран случај на шпионажа во Македонија

Утринава полицијата ја отпочна реализацијата на финалната фаза од  акцијата „Шпион“ која тече во изминатите две години. Приведени се 17 лица, а постојат сомненија за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама, за инволвирани 22 лица. По три лица се трага, а од осомничените двајца веќе издржуваат казна затвор по друга основа. 

Извршени се претреси во домовите на 17 лица, при што се одземени голем број компјутери, 27 лап-топови, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови, обемна докуменатација и други видови документи. Од МВР потврдуваат дека се уште се вршат претреси. 

Осомничените, според првичните информации, соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен. Досегашните полициски сознанија укажуваат и дека лицата имале контакти и со поранешни високи политичари преку кои доаѓале и оддавале инфорамции што се однесувале на општата безбедност и политичката состојба во Република Македонија.  

Освен шпионажата со истрагата беа опфатени и дела како уцени и измами. Дел од осомничените,  според сознанијата, обезбедувале податоци за лица од јавниот живот и бизнис-заедницата и со закани изнудувале пари. 

Меѓу приведените има двајца вработени во Агенцијата за разузнавање, еден во Собранието, актуелни и поранешни вработени во МВР, во одбраната, Државниот архив, Управата за финансиско разузнавање, но и сопственици и вработени во приватни фирми. 

Во текот на утрешниот ден по поденесуванјето на кривицната пријава и изведувањето на осомничените лица пред истражен суд МВР ќе одржи дополнителна прес конференција.