Пешачката патека кај „Охридати“ повторно ставена во функција

Пешачката патека на ул. „АСНОМ“ во населба „Охридати“ од денес е санирана и повторно проодна за пешаци. Имено, физички лица бесправно имаа засадено повеќегодишни зимзелени дрвја на самата јавна површина, инаку пешачка патека, која веќе подолг период беше вон функција и непроодна за пешаци.

По налог на Локалната самоуправа, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ извршија сечење на дрвјата и пешачката патека е ставена во функција.