Градоначалникот Трајкоски денес го посети с.Велмеј каде се врши реконструкција на изворите „Наисток“

Градоначалникот Игор Трајкоски денес беше на увид во с.Велмеј каде што се врши реконструкција на изворите „Наисток“, која треба да приврши деновиве.

Имено се работи за средства доделени од ИПАРД програмата во висина од 508.000,00 денари. Во реконструкцијата предвидено е санирање на каптажата поради која изминативе години имаше понирање на водата, поради што немаше прелив на вода преку дулците.

Од страна на градоначалникот беше увиден и теренот пред старата воденица каде што ќе се уреди просторот и ќе се добие еден современ простор уреден со клупи и зелена површина.