Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, денес го имаше своето деби за неговиот нов клуб во Италија, Каљари.
Агим Ибраими влезе во игра во 67 минута при резултат 1:0 за неговиот тим, по што следуваше интересна завршница, особено во судиското продолжение на натпреварот кога во 89 минута гостинскиот тим на Сампдорија го изедначи резултатот на 1:1, Каљари повторно дојде во водство 2 минути покасно, а Сампдорија сепак успеа да го изедначи резултатот на 2:2 во 93 минута.
WebOhrid