Попов играше цели 2 часа против Арсенал, но ВБА испадна од Лига Купот по изведувањето на пенали

Иако Горан Попов не доби шанса по првите 5 кола од новата сезона во англиската Премиер Лига, синоќа во Лига Купот каде Вест Бромвич Албион на домашен терен играше против Арсенал, нашиот интернационалец „се изнаигра“, и тоа дури цели два часа.

По регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, по што следеа две продолженија од по 15 минути. Иако гостите први промашија пенал, сепак среќата беше повеќе на нивна страна, следуваа две промашувања од тимот на Вест Бром, по што Арсенал оди во следната фаза од Лига Купот. Горан Попов не беше избран да изведува еден од првите четири удари од белата точка за ВБА.

WebOhrid