И во месец јули забележан раст на просечната плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, изнесува 101.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (8.5%), Градежништво (7.6%) и Транспорт и складирање (6.1%). 

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3.0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината (2.2%) и Информации и комуникации (1.9%). 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2013, изнесува 21 013 денари.

Во јули 2013 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.