Отстранети времените објекти наспроти „ЕВН“

Сопствениците на времените објекти што се наоѓаа наспроти подружницата на „ЕВН“, изминатите неколку дена ги отстранија објектите. Согласно со новиот детален урбанистички план за Седмата урбанистичка заедница, кој е во фаза на донесување, на овој простор е планирано ново сообраќајно решение.

По отстранувањето на времените објекти, екипи од  Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денес започнаа со дорасчистување на просторот.

Vremeni_objekti_EVN_4851