Магла на патиштата Тетово-Скопје и Тетово-Попова Шапка

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд се бележат во западниот и југозападниот дел од државата.

Магла со видливост од 100 до 150 има на патните правци Тетово- Скопје и Тетово-Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.