Заедничките напори кои ги правиме во поглед на Балканот и на Авганистан, даваат огромен придонес и ме уверуваат дека можеме успешно да се справиме со предизвиците на новото време.
Ова го нагласи на прес – конференцијата командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, кој денеска во рамки на дводневната официјална посета на Македонија, имаше средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери.
На средбите, пред адмиралот Клинган се презентирани трансфомацијата на АРМ, за намерата за модернизација на АРМ, искустватата од мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, декларираните капацитети на АРМ за поддршка и учество во мисиите и учеството во пост-ИСАФ.
Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Котески на денешната прес – кофнеренција ја потенцира заложбата и аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО, како и посветеноста на АРМ за понатамошно одржување на достигнатите интероперативност и оперативна способност за учество во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН.
Тој го нагласи спроведувањето на Концептот за оперативни способности на НАТО, кој АРМ доследно го применува за оценување на своите декларирани единици, при што потсетил на претстојното оценување на средната баталјонска пешадиска група и полската болница – рол 2 кое ќе се реализира во текот на месецов.
„Оваа средна пешадиска батаљонска група, не само што ја немаат одредени земји во ергионотм, туку ја немаат и некои земји-членки на НАТО. Тоа е наш придонес кон стабилноста и обврска кон НАТО и очеквуаме во иднина позитивниот придонес да биде и од другата страна кон АРМ и кно Република Македонија за нашата аспирација – членство во НАТО“, истакна на заедничката прес – конференција началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Котески.
Адмиралот Клинган истакна дека е импресиониран од придонесот кој Република Македонија и АРМ го даваат со учеството во мировните мисии, додавајќи дека соработката со АРМ игра значајна улога во реформските процеси на Армијата, како и во донесувањето на важни одлуки во планирањето на операциите на Алијансата. Инаку, во Командата на НАТО во Неапол во моментот двајца офицери од АРМ учествуваат во донесувањето одлуки при ангажирање на силите во мировни операции.
Тој искажа исклучителна благодарност за поддршката на АРМ на силите на КФОР во Косово, како и за придонесот во мисиите АЛТЕА во Босна и Херцеговина и ИСАФ во Авганистан, додавајќи дека денешната посета ќе даде нов импулс во односите помеѓу Командата на здружените сили на НАТО во Неапол и АРМ.