Поради зголемен интерес повторно циклус на филмови од бајки во Центарот за култура

Поради зголемениот интерес повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид,  во соработка со Кинотека на Македонија и Гете Институт за врски Скопје ќе се прикажуваат циклус на филмови од Бајки наменети за најмладите.

Вечерва ќе се прикажува „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“, утре ќе се прикажува „ЗЛАТОКОСА“, во четврток „ХРАБРИОТ КРОЈАЧ“, петок „КРАЛОТ ЖАБА“, а во сабота ќе се прикажува „ТРНОРУШКА“.

Почетокот на сите филмови од бајки ќе биде од 19:00 часот, а влезот чини 60 денари.