Од денес алкохол во продавниците ќе се продава до 19 часот

Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти низ земјава, повторно ќе се продаваат од 06 до 19 часот, наместо до 21 часот.

Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември.

За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.