Денес во просториите на Ј.П. „Билјанини Извори“ в.д. директорот Иванчо Цветкоски одржа работна средба на која присуствуваа претседателот на Федерацијата на Училишен спорт на Македонија, проф. д-р Александар Туфекчиески, генералниот секретар на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Герман Боглев, Советникот во биро за развој на образование за западен регион и потпретседател на Федерацијата Мустафа Алиу, како и претставници на профосорите по физичко образование од Охрид како и советникот во биро за развој на образование Маријан Бошалески.
На средбата беше разговарано за можното одржување на идната спортска „Гимназијада“ 2014 во Охрид која за прв пат би се организирала во Охрид од осамостојувањето на Македонија.
Настанот ќе се одржи во мај наредната година и на него учество ќе земат над 1000 деца од цела Македонија.
„Гимназијадата“ има традиционален карактер и се одржува на секои две години во различни градови низ Македонија.