Езерото Натрон кое се наоѓа во Танзанија, го претвора во камен секое животно кое ќе се искапи во него. Токму тоа го инспирирало британскиот фотограф Ник Брандт кој овие слики ги претстави во научното списание „New Scientist“.
Како што кажува и самото име, езерото Натрон е преполно со карбонати и натриум хидрогенкарбонат. Температурата на водата може да достигне и до 60 °С, додека алкалноста на водата варира помеѓу pH 9 и pH 10,5.
Британскиот фотограф се одлучил на скаменетите птици, кои ги исфрлиле брановите на брегот, да им ја врати природната положба и амбиент, со што би им подарил еден нов, уметнички живот.
Фото: Nick Brandt