Општинарите се едуцираа како да се заштитат од туберкулоза

Претпладнево во големата сала на Општина Охрид  а по повод неделата на борба против туберкулоза што беше од 14-ти до 21 септември, екипа на Црвен Крст, одржа едукативно предавање за оваа болест.

Целта на случувањето беше да се укаже на погрешното мислење кое го негуваат луѓето, дека туберкулозата е одамна изумрена  болест. Таа е карактеристична и за 21 век  но за разлика од некогаш  истата денес  100 процентно  се  лекува. Министерството за здравство на РМ ги покрива сите трошоци за лекувањето, односно  терапијата е бесплатна.

Инаку Општина Охрид е една од ретките на државно  ниво чиј совет  го има  донесено Локалниот акционен  план за туберкулоза со што и општината   се обврзува дека ќе делува превентивно на ова поле.

Predavanj_tuberkuloza_4851