Плодна и успешна работна посета на градоначалникот Бакрачески во САД

Повеќестрана беше  неодамнешната работната посета на  охридскиот градоначалник Никола Бакрачески во Соединетите Американски  Држави. Со свои презентации градоначалникот  учествуваше  на светскиот симпозиум  по интервентна кардиологија што се одржа во Њујорк .

„Беа претставени наши доктори од клиниката  за кардиологија а беше и успешно претставен и програмот за кој што можам да кажам дека Македонија е  лидер и во регионов и пошироко по застапеност на бројот на процедури кои се изведуваат  по  транс радијален пат. Во минатото како што и знаете сите процедури во интервентна кардиологија   се изведуваа  транс венерално  односно преку нога. Сега ние сме лидери во регионот по извадување на тој процес преку рака. Токму тој симпозиум беше наменет за сите аспекти на изведување интервенции по транс радијален пристап“, изјави по враќањето Бакрачески.

Охридскиот градоначалник беше и дел од Македонската  делегацијата која присуствуваше на одржувањето на говорот на премиерот Никола Груевски  на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

„Нескромно е ако кажам дека чест и задоволство е да се присуствува на најдобро структурираниот,нај аргументираниот и нај издржаниот говор што било кој македонски политичар до сега го искажал од јавна говорница“, потенцира Бакрачески.

При престојот во САД, градоначалникот оствари средби со бизнисмени од Њу џерси кои што потекнуваат од Охрид, при што  тие биле запознаени со програмата на охридската локална во делот на инвестиции во малите и средни претпријатија, но и покажале интерес да го развиваат сопствениот бизнис во родниот град.