После секое будење, на повеќето луѓе сонот им се брише, па паметат само мали делови, иако се свесни дека сонот бил долг и содржаен. Замислете кога би можеле да ги архивираме нашите соништа!
Токму тоа го посакуваат група експерти кои осмислија апликација, која не само што би им помогнала на луѓето да ги запомнат соновите, туку и да изработат база на податоци и покасно да ги споделат со други.
Проектот „Shadow“ (сенка) го започнаа Хантер Ли Соик и Џејсон Карвало. Тие ја осмислиле апликацијата со аларм кој нежно го буди човекот и го доведува во една хипнотична состојба, на границата помеѓу сонот и јавето, а токму во таква состојба најдетално се сеќаваме што сме сонувале. Тогаш апликацијата почнува да го снима се она кое лицето што спие го раскажува додека се потсеќа на сонот, а потоа го архивира. Овој дигитален фаќач на сонови би требало да им биде од огромна корист на научниците кои се занимаваат со соновите.