Дел од Охридската касарна ќе се предаде во сопственост на Општина Охрид, најави градоначалникот Никола Бакрачески.
Според првичните најави на просторот каде е касарната, Локалната ќе пробива централна улица, еден дел од просторот ќе се пренаменува за образовни цели, ќе се изгради црквичка, спортски центар и станбено-деловен комплекс.
Инаку веќе во Владина процедура е постапката за преземање на земјиштето на делот кај Мауцхер кое од Министерството за одбрана се предава на Општината, каде што е предвидено да се гради индустриска развојна зона.