Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „Ристо Чадо“, „Момчило Јорданоски“, „Андреа Јованоски“ и „Прва Македонска Бригада“ во период од 09:00 до 15:00 часот.
Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.