Градоначалникот – доктор Бакрачески го стави во употреба новиот апарат за срце

Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук IVUS (Intravascular ultrasound), која е набавена од Америка од средства на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, а во употеба го предаде градоначалникот Никола Бакрачески, долгогодишен директор на оваа здравствена институција, заедно со докторот Власис Нинос од клиниката во Солун.

„Ќе имаме можност да ги подобриме не само дијагностичките перформанси во насока на подобро откривање на стеснувањата на крвните садови на срцето, туку и да ја утврдиме природата на наслагите во тие стеснувања, присуството на проблематични лезии коишто не можат да се видат со обична ангиографија, односно сите оние недостатоци кои со коронарната ангиографија не можат да се видат, ќе можат да бидат иследувани со помош на интраваскуларен ултразук. Ова е метода која што во исто време ќе ја зголеми и ефикасноста на процедурите што ќе се изведуваат во оваа болница во иднина со тоа што имаме можност да го одбереме најадекватниот стент, должината на стентот, да ги увидиме проблемите на стентот кои настануваат по неговата инплантација кои со обична коронарна ангионграфија не можат да бидат видени, и на тој начин веднаш, за време на самата процедура да се пристапи кон оптимизација на резултатот“, – изјави Бакрачески.

„Се надевам дека ова ќе биде еден многу корисен и моќен инструмент кој ќе ни помогне во решаањето на проблемите при дијагностицирање, а исто така ќе го оптимизира резултатот при сложените зафати на ангиопластика. Во ерата на интервентната кардиологија многу е важно една современа лабораторија да има интроваскуларниот ултра звучен апарат. Мислам дека напорите кои денес тука се направија успешно се за поздравување. Големо задоволство ми претставува што денес бев тука“, – изјави д-р Нинос.

И покрај обврските кои како градоначалник ги има во општина Охрид, како што претходно најави, градоначалникот Бакрачески и понатаму врши интервениции во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

monitori4853 monitori4852