ЈП „Билјанини Извори“ организира спортски настани по повод Светската „Недела на движењето“

По повод Светската „Недела на движењето“ Ј.П. „Билјанини Извори“ во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт организираат неколку спортски настани за децата од градинките, основните училишта и рекреативците.

Утре, 9-ти октомври (среда) со почеток во 10:00 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржат организирани спортски игри за децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, објект „Лихнида“. На настанот учество ќе земат децата од поголемите групи од градинката.

На 10.10.2013(четврток) година со почеток во 15:00 часот во спортската сала во О.У. „Григор Прличев“ ќе се организираат спортски игри.

Третиот настан по повод Светската „Недела на движењето“ е „Aerobic Open Day“ кој ќе се одржи на 12.10.2013 (сабота) во спортска сала „Билјанини Извори“ со почеток во 20:00 часот.

Покровители на настанот се Агенцијата за спорт и млади и Меѓународната асоцијација за спорт и култура ISCA со седиште во Копенхаген.

Помагатели на настанот се Федерацијата на училишен спорт и Факултетот за физичка култура.