Во рамките на своите редовни активности и средби со граѓаните, караванот на Владата на Република Македонија, составен од ресорни министри, државни секретари и директори на државни и јавни претпријатија, утре во Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:30, организира Граѓанска трибина, која ќе ја води Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Трибините имаат граѓански карактер, а присутните ќе можат непосредно и изворно да се информираат за сите владини активности кои се реализираат, како и плановите кои се предвидуваат во натамошниот период.