Во четврток промоција на документарни филмови во Центарот за култура

 НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, во четврток,10 октомври, организира промоција на документарниот филм “Кино Охридско Езеро” од авторот Љупчо Паункоски.

Исто така во четврток во Центарот за култура ќе се промовира и документарниот филм “Охридските Бриљанти” од авторот Ѓоќо Симјаноски, во продукција на телевизија ТВМ Охрид. Почетокот е од 18 часот.