Кривична пријава за стружанец поради бесправно градење

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против А.Б. (25) од Струга, за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во септември 2014 година во Струга во нас. Езерски Лозја, пријавениот без одобрение за градење започнал доградба на индивидуална станбена зграда со деловен простор.