Се чисти речното корито на реката „Грашница“

По неколкучасовната обиколка на градоначалникот Бакрачески низ повеќе градски, приградски улици и локации со цел да утврди до каде е реализацијата на проектите предвидени во годишната програма на локалната самоуправа и највата за изведување работи и извршување услуги за уредување на речните корита на охридските реки, денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со чистење на речното корито на реката Грашница, од пресекот на улица „Железничка“ до вливот на Езерото.

Во зависнот од временските услови, предвидено е да се чистат и коритата на реките Сушица, Коселска, Велгошка, Даљан и на потегот Рача со што превентивно ќе се делува во заштитата од поплави кои ги причинуваат водотеците а истовремено ке се намали процентот на загадување на Езерото.

GRASNICA4852