Се средуваат локалните патишта низ општина Дебарца

ЈП за комунална дејност „Дебрца“ започна со активности за средување на локалните патишта низ Општина Дебарца.

Со набавката на нови машини за работа како моторни пили, косилки, телескопска пила итн, вработените на ЈПК „Дебрца“ започнаа да ја спроведуваат акцијата за чистење и косење на локалните патишта, и сечење и отстранување на гранките од дрвата покрај патиштата што претставуваа пречка во одвивање на сообраќајот.

Со тоа ќе се олесни животот на жителите во општината, особено во зимскиот период, каде што во минатото пристапот до одредени села во тој период беше отежнат, поради неисчистените патишта од наведнати гранки натрупани со снег. Затоа за да се реши тој горлив проблем, акцијата ќе продолжи во сите населени места во Дебарца, а денес се чистеше локалнот пат Белчишта – Ново Село.

debarca_patista_2 debarca_patista_3