Градоначалникот Бакрачески почесен гостин говорник на хуманитарниот концерт во рамките на Инвестицискиот Самит

На покана на организаторите на вториот Глобален Инвестициски Самит, кој се одржува од 8 до 10 октомври во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески вечерва, во 19:30 часот ќе биде почесен говорник на отворањето на Класичниот хуманитарен концерт кој ќе се одржи во црквата Св. Софија. 

Овој концерт е дел од свечените активности во рамки на Самитот, каде сите учесници ќе бидат запознаени со културното наследство на Македонија.

На овој хуманитарен концерт ќе настапат деца од музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид. 

Минатогодишниот инвестициски самит забележа голем успех за зголемување на видливоста на Македонија како дестинација за странски инвестиции. Настанот беше домаќин на повеќе од 350 домашни и странски бизнисмени, високи претставници, кои развија цврста платформа за понатамошна бизнис соработка.