Акција за разубавување на училишниот двор на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Во рамките на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, во организација на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ и со поддршка на Министерството за образование и наука, денеска учениците од средното училиште  „Св. Наум Охридски“ спроведоа еколошка акција   за разубавување на училишниот двор и подигање на еколошката свест на учениците и возрасните.

„Во текот на денов во нашето училиште, сите вработени и учениците организиравме еколошка акција во рамките на програмата интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем подржано од Министерството за образование и наука. Целта на оваа акција беше разубавување на училишниот двор. За таа намена во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ набавивме околу 40 садници (туи, лагестремии, криптомерии, елеогнуси и др.) и истите се посадени заедно со учениците. Исто така една од главните цели беше подигање на еколошката свест кај учениците и кај возрасните, се со цел да направиме едно поубаво катче во кое пријатно ќе се чувствуваме и учениците и сите останти вработени во нашиот центар“, – изјави в.д. директорот на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“, Јане Цаноски.

Како што рече Цаноски, верува дека ваквите активности ќе прераснат во една добра традиција во училиштето и поттик за една поголема грижа кон животната средина.

WebOhrid