ВМРО-НП: Разочараноста на членовите на ДПМНЕ се покажа на вчерашната трибина

Во врска со синоќешната граѓанска трибина која се одржа во Охрид, а ја водеше премиерот и претседател на Владата на Македонија, со соопштение излезе Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија Охрид, во кое стои:

„Вчера бевме сведоци на најслабата посета на трибините на движењето ДПМНЕ. И покрај притисокот кој им се вршеше на вработените во јавните претпријатија, дури и на тие не кои се дел од тоа движење и не се согласуваат со неговите ставови, да присуствуваат на трибината во Домот на културата „Григор Прличев“.

Бојкотот кој вчера го покажаа членовите на ДПМНЕ сметаме дека е поради непотизмот во тоа движење кој се случува години наназад. Вработувањата и поставувањето на функции на блиски роднини и пријатели на челниците на движењето е причина за разочарувањето на обичните членови.

Апелираме, во иднина да не се врши притисок врз вработените во јавните претпријатија да присуствуваат на вакви партиски настани. Има луѓе и кои не се согласуваат со политиките на движењето и не сакат да бидат дел од овој циркуз, а мораат да се појават со цел да го зачуваат лебот“, – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија Охрид.