ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги препознаа вистинските вредности на 24 март, ги препознаваа и синоќа, а и натаму ќе ги препознаваат

На соопштението од ВМРО – Народна партија за синоќешната граѓанска трибина, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која стои:

„Шокот на Народната партија од присуство на огромен број луѓе во салата и на платото во Центарот за култура „Григор Прличев“, на синоќешната граѓанска трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ, резултираше со за нив нормално, небулозно соопштение. 

Веројатно шокот бил уште поголем, од присуството на луѓе кои оние преостанати 3-4 персони на Народна, сметале дека се нивни членови. На крајот на краиштата фактот што Народна е симбол на штетите и корумпираноста во Охрид, не може да се испере со ниту едно соопштение. Присутните синоќа беа единствено разочарани од фактот што сеуште никој нема понесено одговорност за огромните штети кои се нанесени во градот, во цифра која изнесува над 32 милиони евра.

Граѓаните на Охрид ги препознаа вистинските вредности на 24 Март, ги препознаваа и синоќа на 9 Октомври, а и натаму ќе ги препознаваат. Безвредните манипулатори кои ја кинеа душата на Охрид во изминативе 8 години се истерани од позитивната меморија на охриѓани. 

ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, во иднина ќе размисли дали една организирана политичка партија како што е ВМРО-ДПМНЕ, воопште ќе реагира на нерелевантен субјект, кој нема никаков политички и граѓански кредибилитет, како што во Охрид тоа е Народна партија“. – стои во реакцијата од Центарот за комуникации при ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.