Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите на с.Велмеј

Градоначалникот Игор Трајкоски продолжува со своите средби со жителите по населените места низ општина Дебарца. Овој пат се сретна со жителите на с.Велмеј.

На средбата беше разговарано за повеќе работи кои им се од приоритет на жителите во с.Велмеј. Од страна на Градоначалникот беа запознати за планираните активности за с.Велмеј меѓу кои завршувањето на каптажата на изворите ИСТОК каде што имаше понирање на водата и дека се планира во наредна фаза партерно да се уреди просторот околу изворите, беше разговарано за тампонирање на полски пат кој им е од витално значење на жителите од с.Велмеј, потоа беше разговарано за доизградбата на водоводната мрежа која е од особено значење за снабдување на квалитетна вода со пиење.

Од страна на присутните беше поставено прашањето во врска со легализацијата на бесправно изградените објекти за што од страна на Градоначалникот Трајкоски беа известени дека рокот за комплетирање на документацијата е до крајот на јуни 2014 година. Во овој период сите тие што имаат поднесено барање на бесправно изградени објекти треба да ги комплетираат документите со цел комисијата за легализација во општина Дебарца да излезе на терен и да ги легализира објектите.

Од страна на Градоначалникот присутните беа запознати за новодонесената одлука од страна на Министерството за Земјоделие за продолжување на рокот за поднесување на барања за субвенции односно сите оние кои не успеаја да аплицираат имаат можност до 20.10.2013година да поднесат апликација за субевенции.

Sredba_Gradonacalnik_Trajkoski_Velmej_2