СДСМ пред охриѓани го презентира проектот „Визијата за Македонија“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Охрид одржа трибина со охриѓани, по повод презентација на првиот столб од проектот „Визијата за Македонија – Одговорна власт и контрола над власта“.

На трибината присуствуваа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателката на партиската комисија за правда, Рената Тренеска Дескоска, членот на партиската комисија за правда на СДСМ Мирослав Вујиќ, претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев, како и голем број граѓани од Охрид.

„СДСМ и опозцијата се убедени дека промените во Македонија доаѓаат, но тие не треба да се случат сами по себе или само заради да се случат. Треба граѓаните да ја знаат иднината која што ја тресираме заедно со нив. Ние сме овде  дојдени да бараме памет повеќе, плус сугестии, плус корективи, одредени забелешки, на она кое што го нарековме Визија за Македонија, за кое што од самиот почеток сме убедени дека ниту сме ние најпаметните, ниту најмногу професионалци во областите за кои што разговараме се важни и допираат до животот на сите граѓани. Многу што можеме да слушнеме и веќе слушаме оваа измината седмица низ цела Македонија, денеска е Охрид, овде присутен, гледам доста интелектуалци, луѓе кои што и тоа како се грижат за својата татковина и за иднината на Македонија, можеме многу што да научиме  и се надевам дека ќе имаме плодна дебата. Секако ние ќе го претставивме нашиот дел од Визијата, но сме подготвени да го корегираме копмлетно отстапувајќи од наши видици и решенија, а прифаќајќи она што граѓаните ни го кажуваат, како практичари, како паталци, како она што значи секојдневие на нашата земја. Знаете дека Охрид е посебно богатство на сите нас, не само на  вас охриѓани, туку и на нас струмичани и на скопјани, кумановчани и на сите. За Охрид имаме посебни делови од нашата визија, нашата програма. Според нас овие 9 и пол години е унаказен Охрид по многу работи, е само она што беше Субрата Рој, туку и развојот на Охрид, традицијата, заштитата од УНЕСКО, нашето богатство, мораме внимателно да прецизираме конкретни решенија, правци за иднината за кои што секако ќе бидат најмудро, напрецизно, највнимантелно извлечени токму од охриѓани. Знаеме и ние од Централата, знаат и многу професионалци, но охриѓани знаат најдобро да ни сугерираат за Охрид.“– изјави Заев.

WebOhrid