Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ – 15 октомври 2013 година (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.