Планински Велосипедизам – ХС Гази Баба, Екодромци најуспешни со 6 медали

Недела 13.10.2013, Скопје градски парк – Гази Баба, се одржа редовен државен натпревар во планински велосипедизам за бодовната ранг листа, во организација на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, општина Гази Баба и Велосипедската Федерација.

Патеката традиционално се вози од самиот почеток на развојот на планинскиот велосипедизам во Македонија, иако се работи за патека која неможе да се пофали со големи висински разлики, цврстата набиена замја и нерамниот терен ја прават динамична и захтевна во однос на психичката и физичката подготвеност на велосипедистите. Карактеристично за оваа патека е нејзината форма, при што на многу мал простор е сместена 4,7 км долгата патека која изобилува со скршнувања де налево де надесно на кратки периоди, со краткотрајни нагорнини па надолнини, што ја прави напорна поради долготрајниот континуитет на вртење на педалите.

За учество во натпреварот се пријавија 66 велосипедисти во 5 категории за бодовната листа на ВФМ од 9 клубови и рекреативците – хоби како шеста категорија. Велосипедистите во дресот на Охридскиот Екодром и на овој натпревар доминираа со вкупниот број на медали. Од вкупно 18 медали во 6 категории,  6 медали за Екодромци: 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен. Огромен успех за нашиот клуб во категорија Елит – Сениори, Злато за Бленди Троци, националниот шампион недостижен во секој поглед, Сребро за Христијан Николоски. Во категорија Јунори, Злато за Јован Јованоски кој истовремено е и севкупен победник, Сребро за Петар Упевчески. Категорија Кадети, Бронза за Новица Велјаноски и во категоријата на рекреативци – хоби, Злато за Михаил Тасески.

Неофицијалната листа со резултати:

Елит – Сениори 

1-во  Бленди Троци             1:39:18 – Екодром, Охрид

2-ро  Христијан Николоски  1:42:06 – Екодром, Охрид

3-то  Александар Ѓуровиќ    1:42:54 – Енерџи, Скопје

Јуниори

1-во  Јован Јованоски   1:18:22 – Екодром, Охрид

2-ро  Петар Упевчески  1:25:22 – Екодром, Охрид

3-то  Бојан Митев         1:37:37 – Свиок, Радовиш

Кадети

1-во  Влатко Рабаџиски           1:10:44 – Свиок, Радовиш

2-ро  Кристијан Николов         1:13:35 – МВК, Велес

3-то  Новица Велјaноски           1:13:53 – Екодром, Охрид

Мастерс

1-во  Стојан Хаџијефтимов     1:29:58 – Свиок, Радовиш

2-ро  Владимир Несторовски  1:35:22 – ЕБТС, Скопје

3-то  Владимир Микиќ           1:38:28 – Енерџи, Скопје

Жени

1-во  Анета Антовска            1:02:54 – Енерџи, Скопје

2-ро  Јана Коцевска              1:16:25 – Енерџи, Скопје

3-то  Катерина Николовска   1:21:35 – Енерџи, Скопјe

Хоби

1-во  Михаил Тасески         52:16 – Екодром, Охрид

2-ро  Николче Арсовски      53:35 – Скопје

3-то  Александар Буковски  57:30 – Скопје

Следниот и последен натпреварот во Планински Велосипедизам е закажан за недела 20.10.2013 во организација на Спидбајк од Кичево. Натпреварот ќе се одвива на ридот низ боровата шума околу спортско рекреативниот центар Крушино.