Глориа Петреска, ученичка во VIII одделение при ОУ „Братство Единство“ – Охрид ја освои првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“ и ќе го претставува градов на Републичкиот натпревар кој годинава ќе се одржи во Неготино на 25 октомври.
На Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“, кој традиционално секоја година го одржува Библиотеката, годинава учествуваа 19 ученици од 9 основни училишта во градов: „Ванчо Николески“-Лескоец, „Григор Прличев“-Охрид, „Живко Чинго“-Велгошти, „Христо Узунов“ – Охрид, „Кочо Рацин“-Д.Лакочереј, „Св.Климент Охридски“ – Охрид, „Кочо Рацин“ – Охрид, „Братство Единство“ – Охрид, „Св.Наум Охридски“ – Пештани. Прашалникот беше составен од 20 прашања, а учениците одговараа во времетраење од 60 минути. Прашањата беа составувани според прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески.