ОО на СДСМ Охрид со честитка по повод Курбан Бајрам

ОО на СДСМ од Охрид на сите верници од исламска вероисповест во нашата општина им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

„Со најискрени желби за радост, среќа, спокојство, благосостојба и добро здравје во секој муслимански дом, нека и овогодинешниот празник на жртвата им донесе мир во душите на сите Муслимани во Охрид, кои ќе бараат милост од Алах на Бајрам-намаз. Принесувањето на жртва и дарувањето нека донесе радост и среќа во домовите на сиромашните, роднините и пријателите. СДСМ од Охрид посакува овој голем празник да е за многу години“.

Со почит, д-р Томислав Тунтев, Претседател на ОО на СДСМ Охрид