Продолжуваат натпреварите во организација на МССФ во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.
На IV по ред куп што се одржа на стрелиштето Кисела Вода на 13.10.2013 година, Михаил Шишкоски од СК „Охрид“ постави нов државен рекод со резултат од 595,2 кругови. Во истата категорија Кирил Миленкоски се пласира на 4 позиција со резултат од 555,5 кругови , а Мартин Гоџоски заврши на 5-тата позиција со резултат од 547,8 кругови. Кај жените Балабан Нина од Охрид се пласира на првата позиција со резултат од 405,8 кругови додека пак нејзините клупски другарки Алексовска Ангела, Гоџоска Верица завршија како 6 пласирана односно 7 пласирана со резултати од 371 круг и 364,2 кругови. Младата Јана Маркоска дебитираше на овај натпревар и испука 332,3 круга.
Во Куповите сите стрелци настапуваат во категорија на мажи и жени, што значи дека при финалното бодирање и рангирање на јуниорите и јуниорките, пласманот ќе биде повисок.
Еден ден пред тоа на стелиштето Марко Цепенков во Прилеп по повод 11 Октомври се одржа традиционалниот меѓународен турнир Македонија Опен на кој учество зедоа учество од повеќе клубови од нашата држава како и Стрелачкиот клуб Врање од Врање. Во тесна и до крај неизвесна натпреварувачка атмосфера, Нина Балабан се пласира на 3-тото место во апсолутна категорија со резултат од 585 кругови, зад претставниците-репрезентативци од Врање, Меланија Зрдавковиќ (588) и Милош Тасиќ (586) кругови.