Одржан Бајрамски Турнир во мал фудбал

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, вчера се одржа турнир во мал фудбал во организација на Општина Охрид, советникот Кујтим Усеини и Хуманитарното Здружение „Подадена рака“. Турнирот се одржа во салата „Климент Колески“ кај ОУ „Григор Прличев“ Охрид, а свечено го отвори градоначалникот Никола Бакрачески.

Првото место го освои тимот на „Лескајца“, второ место беше „Каиро Санко“, трето место „Сантос“, а четврто место „Сокаче водовод“. За најдобар голман на турнирот беше избран Адријан Арслан, најдобар играч Северган Мемиш-Буцо и најдобар стрелец Челик Усеиновски.

BajramskiTurnir02 BajramskiTurnir03