Од 19 до 22 октомври делегација на наставници и уценици на ОУ „Христо Узунов“ од Охрид ќе присуствува на прославата по повод патрониот празник 21 октомври на збратименото основно училиште „21 Октомври“ од Крагујевац. Учениците и наставниците ќе настапат и во пригодната програма со свои точки. Воедно ќе се разменат и искуства од работењето на наставните содржини и наставните планови од областа на основното образование. Делегацијата ќе присуствува и на одбележувањето на свеченостите во градот Крагујевац.