Општина Дебарца: ОО СДСМ немаат морал нити политичка култура, апелираме да не злоупотребуваат слики од најмладите ученици за нивни партиски цели

Во врска со обвинувањата од ОО на СДСМ Дебарца, дека Општина Дебарца дека не е во состојба да ги обезбеди основните услови за одржување на настава во училиштата, реакција испрати Општина Дебарца, во која стои:

„Очигледно дека ОО СДСМ Дебрца алудира кон јавноста со напади врз Локалната самоуправа за работи за кои всушност и не е добро информирана.

Локалната самоуправа во Општина Дебрца на чело со градоначалникот Игор Трајкоски води целосна грижа за континиран образовен процес во што подобри услови вклучувајќи ги тука и намирниците за затоплување како дрва и нафта. Тендерската процедура е целосно завршена за набавка за 2013-2014 година вклучувајќи ги тука и минатогодишните залихи. А затоплувањето на училиштата се вршеше и пред грејната сезона во зависност од временските услови. Мора да потсетиме дека основните услови кои беа затекнати при преземањето на локалната власт драстично се подобрени. За тоа најдобар показател Ви се позитивните реакции од родителите како и од учениците кои ги посетуваат училиштата во Општина Дебрца.

Од друга страна Општина Дебрца се справува со наследените проблеми токму од претходната гарнитура предводена од СДСМ која ја доведе Општина Дебрца во судски спорови и тоа токму за тендерски процедури за набавка на огрев. Оттаму ви порачуваме дека нема потреба да укажувате што треба, бидејќи Локалната власт предводена од градоначалникот Трајковски води грижа за секој жител во општина Дебрца, а примарност се разбира дека е дадена на најмладите.

Локалната самоуправа нема да ги согледува грешките што сте ги правела ОО СДСМ Дебрца во минатото за да спознае како треба да работи. Тоа најдобро е да го согледа ОО СДСМ бидејќи на сопствените грешки најдобро се учи, да се надеваме дека ќе научат како треба да се води грижа за жителите на Општина Дебрца.

На крај за да им докажеме дека воопшто ОО СДСМ немаат морал нити политичка култура апелираме да не злоупотребуваат слики од најмладите ученици од Општина Дебрца за нивни партиски цели. Тоа во политиката па и во секојдневнието преставува неморален чин од највисок степен“, – стои во реакцијата од Општина Дебарца.