Тимот на ВМРО–ДПМНЕ, составен од претставници на централно и локално ниво во текот на вчерашниот ден извршија повеќе посети и средби со граѓани на повеќе населени места во охридскиот регион.
Посетата заврши во с. Велгошти, кадешто директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски официјално ги предаде клучевите од салата „Тодор Александров“ на Локалната самоуправа, односно секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески, кој потоа му ги предаде на директорот на основното училиште „Живко Чинго“. Со тоа, од денес оваа сала е ставена во употреба и во служба на учениците на основното училиште и жителите на с. Велгошти.
На средбите со граѓаните, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ одблиску беа запознаени со проблемите на месното население и нивните потреби за подобрување на инфраструктурата, како и начинот за нивно решавање во најбрз можен рок. Исто така жителите од охридскиот регион беа запознаени со проектите кои се во фаза на реализација или ќе започат да се реализираат во блиска иднина и истите ги поздравија и изразија големо задоволство.
Ваквите посети на функционерите од централната и локалната власт на ВМРО–ДПМНЕ ќе продолжат и во следниот период.