СДСМ Дебарца: Грејната сезона започна – училиштата во општина Дебарца без затоплување

ОО на СДСМ Дебарца ја обвинува Локалната власт во општина Дебарца дека не е во состојба да ги обезбеди основните услови за одржување на настава во училиштата.

„Вчера и официјално започна  грејната сезона, а во училиштата во општина Дебарца нема затоплување, што ќе рече – локалната власт предводена од  ДПМНЕ и градоначалникот Трајкоски не е во состојба да ги обезбеди основните услови за одржување на настава. Во општина Дебарца освен централното основно училиште во село Белчишта постојат уште три подрачни училишта и седум училишта со подрачни паралелки. Училиштето во село Белчишта има централно греење на нафта, а сите други училишта се затоплуваат на дрва. Иако од страна на в.д. директорот Аврамоски уште во јули беа објавени тендери за набавка на нафта за греење и огревно дрво, до почетокот на грејната сезона истите не се обезбедени.

Го повикуваме градоначалникот Трајкоски кој наголемо ветуваше подобрување на условите за едукација на најмладите да го задолжи од него именуваниот директор  на ЦОУ „Дебрца“, Иван Димоски, барем да ги обезбеди  основните услови за настава, односно училиштата да ги снабди  со потребниот огрев и децата да не смрзнуваат на училиште. Кога и онака нешто повеќе не можат да направат“, – стои во соопштението од ОО на СДСМ Дебарца.