Меѓународна конференција за подобрување во работата на лица со пречки во развојот

 Во Охрид  се одржува 4-та меѓународна конференција на тема Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност, а во организација на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Поводот на конференцијата е јубилејот на Институтот за дефектологија, кој постои 20 години и обучува кадри за работа со лица со посебни потреби.

 Оваа конференција има меѓународно значење, со размена на искуства и подобрување во работата со лица со пречки во развојот. На меѓународната конференција активно учество зедоа и професори од Институтот за педагогија, кој е приближно сроден и доста близок на Институтот за дефектологија.

Konferencija02