На магистралниот пат Охрид – Кичево, непосредно пред локалитетот Мауцкер, денес инспекторите затекнаа нелегален истовар на градежен шут на јавна површина.
Инспекторите кои по налог на градоначалникот 24 часа се на терен постапиле согласно Законот за јавна чистота и на лицето му е изречено соодветна парична казна која е должно да ја плати во рок од 8 дена, во спротивно за него ќе следи прекршочна пријава.